Достапни линкови

ДИК ќе спроведува едукација на гласачите


Со цел да се придонесе претстојните парламентарни избори закажани за 15 септември да бидат фер и демократски Државната изборна комисија ќе спроведе едукација за одредени групи на граѓани. Дел од активностите се однесува на превентивно делување кај гласачите во оние места каде беше констатирана неправилност при гласањето на претходните изборни циклуси. Станува збор за:

„Едукација против фамилијарното гласање, едукација против насилстрвото на изборите.“

вели претседателката на ДИК, Мирјана Лазарова Трајковска. Таа посочува дека друга целна група која ќе биде едуцирана се и младите гласачи кои за прв пат ќе го искористат своето право на глас

„Идејата на Државната изборна комисија е да ги поттикне младите гласачи да гласаат во што поголем број, значи – да се зголеми одѕивот.“

Едукацијата ќе ги опфати и околу 4000 внатрешно раселени лица со право на глас за кои гласањето Ќе се спроведе на 14 септември
Кампањата ќе се спроведе различен материјал за пооделните групи на граѓани

„Едукативниот материјал е во форма на краток прирачник, во форма на постери, во форма на видео-спотови кои на гласачите треба да им помогнат да ги разберат граѓанските права и обврски при остварувањето на избирачкото право.“

Информирањето на граѓаните што ќе го спроведува Државната изборна комисија во соработка со Меѓународната фондација за изборни системи ќе започне кон крајот на овој месец.
XS
SM
MD
LG