Достапни линкови

МНР молчи по реакцијата на Албанија


Министерството за Надворешни Работи на Република Македонија молчи, Министерот Чашуле е на случжбено патување додека неговиот заменик Мухамед Халили не сака да ги коментира последните случувања на релација Македонија - Албанија, односно реакциите од албанското министество за надворешни работи за можното заладување на односите меѓу двете соседни земји.

Информациите изнесени од страна на МВР за постоењето на Албанската Републиканска Армија - Илирида и инволвираноста на Албанија односно престолонаследникот Лека Зогу може негативно да влијаат врз добрососедските односи меѓу Македонија и Албанија е ставот на министерството за надворешни работи на Албанија. Поединци и делови на македонските разузнавачки служби, на овој начин настојуваат да го иритираат населението, изјави албанскиот премиер Фатос Нано кој го обвини МВР дека изнесува неаргументирани информации.

На ова порпаролот на МВР Воислав Зафировски изјави :

„Нашите информации и изјави се темелат врз основа на проверени податоци и немам намера да коментирам политички изјави на кој било.“

Дека не се работи за сериозна закана за суверенитетиот и интегритетот на Македонија потврдува и портпаролот на НАТО во Македонија Крег Ратклиф.

„Ние знаевме дека некои информации беа објавени од седиштето на НАТО во Брисел кои зборуваа за мали групи на вооружени индивидуалци кои имаат екстремни намери но сепак станува збор за криминални активности и поединечни истрели и тоа особено во пограничната област, има малку вистина во информациите изнесени од МВР, но реалноста е поинаква,“ изјави Ратклиф.
XS
SM
MD
LG