Достапни линкови

Дваесетина долгорочни набљудувачи веќе „снимаат“


Странските и домашните набљудувачи во Државната изборна комисија треба да го пријават своето учество во изборниот процес најдоцна до 4-ти септември, односно десет дена пред гласањето. Нивното пријавување веќе започна

„Предминатата недела пристигнаа 23 набљудувачи на ОБСЕ кои се на долг период, кон средината на август се очекува да пристигне уште една помала група на среден рок, а неколку дена пред изборите најавено е да пристигне поголема група претставници на ОБСЕ. Исто така, најавено е да дојдат набљудувачи и преку „Хелскински воч“ како и преку Меѓународниот републикански институт.“

вели Зоран Таневски портпарол на ДИК и посочува дека е најавен голем број на монитори од домашни и мегународни владини и невладини организации

„За нив е подготвен кодекс и очекуваме тие да имаат добри услови да го набљудуваат спроведувањето на изборите“

Првите 23 долгорочни набљудувачи од Канцеларијата за демократски инстутиции и човекови права при ОБСЕ веќе започнаа со снимање на теренот, односно ги оценуваат предизбоните активности, а работат и на прецизирање на чувствителните избирачки места.

Токму на овие места според најавите ќе има статични тимови. При нивното одредување тимовите одговорни за оваа работа ќе се раководат од фактот каде во текот на претходните изборни процеси имало инциденти, а нема да бидат земени во предвид само местата зафатени од минатогодишнита криза во земјава.
До крајот на месцеов треба да пристигне усте една група на набљудувачи

„Улогата на среднорочните набљудувачи ќе биде да обезбедат дополнителна поддршка на долгорочните набљудувачи кои веќе работат и ја согледуваат состојбата на теренот. Како второ тие ќе помагаат на распоредувањето на краткорочните набљудувачите низ целата земја, бидејќи станува збор за голем број на краткорочни набљудувачи кои пристигнуваат на десетти септември.“

изјави амбасадорот на мониторинг мисијата на ОДИХР при ОБСЕ, Џулијан Пил Јејтс.
XS
SM
MD
LG