Достапни линкови

Носителите во македонскиот блок познати, ПДП, ДПА и ДУИ тактизираат


Политичките партии денеска привршуваат со предавање на изборните листи до регионалните изборни комисии. СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ги објавиија носителите:

„Носител во изборната единица број еден Бранко Црвенковски, во изборна единица број два Трифун Костовски, во изборната единица број три носител ќе биде господинот Тито Петковски, во изборната единица број четири господинот Петар Гошев од ЛДП, во изборната единица број пет ќе бидам јас и во шестата изборна единица Илинка Митрева,“

изјави Никола Поповски од СДСМ.

„Носител во петтата изборна единица ќе биде премиерот Љубчо Георгиевски. Во првата скопска изборна единица ќе биде министерот за финансии господин Никола Груевски, во втората ќе биде господинот Стојан Андов од ЛП, во третата ќе биде носител министерот за внатрешни господинот Љубе Бошковски, во четвртата изборна единица носител ќе биде господинот Марјан Ѓорчев и во шестата изборна единица госпоѓа Ганка Самуилова Цветанова.“

изјавија портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Ѓорчев.

Додека албанските политички партии сеуште ги кријат нивните адути. Иако изминативе два дена се одвиваа интензивни разговои со посредство на шефот на албанската дипломатијата Илир Мета за можен заеднички настап на ДУИ, ДПА и ПДП на претстојните паламентарни избори, до договор не дојде.

Албански политички партии со кандидати за пратеници ќе конкурираат во четири од вкупно шесте изборни единици. Единствено НДП ги објави своите носители:

„Носител во изборната единица број шест ќе биде претседателот на партијата Др. Кастриот Хаџиреџа, во изборна единица број пет ќе биде претседателот на оигранокот во Струга господин Мурат Нумани, а во изборната единица број два носител на нашата листа ќе биде господинот Шаќири или попознат под името командант Хоџа.“

соопшти секретарот на оваа партија Џеват Адеми кој не сакаше да го обелодни носителот на првата изборна единица.

Како што дознаваме и покрај најавите дека лидерот на ПДП Абдурахман Алити нема да се кандира, сепак тој ќе биде носител во шестката а во првата ПДП ќе ги предводи секретарот на партијата Насер Зибери додека во втората Исмет Рамадани.

Последни имињата на носителите се очекува да ги соопштат ДУИ и ДПА .
XS
SM
MD
LG