Достапни линкови

Најави за реформи, аналитичарите скептични


Албанија однеодамна е со ново влада на чие чело е лидерот на социјалистите Фатос Нано. Во програмата на новиот кабинет приоритет имаат борбата против корупцијата и заживување на економијата, а надворешната политика на земјата, останува без промени.

Доаѓајки по четврти пат на чело на албанската влада Фатос Нано најави нула толеранција за корупцијата, шверцот и криминалот.

„Владата безмилосно ќе ги казнува корупцијата и злоупотребата на јавните фондови. Квалитативно подобрување на економијата е суштински приоритет за новиот кабинет.“

Но прашање е колку ново-стариот премиер ќе може да одговори токму на овие предизвици вели во интервјуто за радио Слободна Европа аналитичарот од Тирана Лазер Стани

„Фатос Нано не е нов премиер. Според мене тој не се докажал како државник. Тој е човек што не покажал доволно одговорност за да може да ги исполни тешките задачи кои произлегуваат од раководењето со Албанија, особено во овој момент.“

Но, Нано најавува амбициозна програма на новиот кабинет за кој вели дека ќе опстане до следните парламентарни избори идната година. Во неа односот кон косово останува непроменет – регионален пристап кој не е структуриран врз албанската точка на гледање туку врз поширока рамка на регионална и евро-атланска соработка меѓу народите, државите и балканските самоуправи единици. Со еден збор нејзината надворешна политика не се менува. И со новата влада Албанија останува член на Организацијата на Исламската Конференција. Поранешниот премиер, сега шеф на дипломатијата и заменик-премиер Илир Мета вели

„Во својата надворешна политика новата влада ги почитува сите обрски на поранешниот кабинет. Исто така, сакам да биде јасно дека членството на Албанија во организацијата на исламските држави е предуслов за нашето членство во Исламската Банка за развој каде Албанија има свои проекти.“

Подадената рака на Нано до опозицијата за нејзин конструктивен придонес во реформскиот курс на новиот кабинет ја доби подршката на втората по големина парламентарна фракција на демократите, но затоа лидерот на демократите Сали Бериша прокометира – ако го погледнете новиот кабинет ќе видите дека тој е друштво на алчни.
XS
SM
MD
LG