Достапни линкови

Георгиевски на Мечкин Камен, Андов во Прохор Пчињски


Денеска во целата земја се одбележува 99- годишнината од Илинденското востание и Крушевската република, како и 58- годишнината од одржувањето на првото заседание на АСНОМ во манастирот Свети Прохор Пчински, едни од најзначајните настани во поновата македонска историја. Се празнува насекаде, а централната свеченост како и секоја година е во Крушево. На легендарниот Мечкин Камен, каде што во 1903 година востаниците на чело со Питу Гули до последен човек ја бранеа новосоздадената република.
Претседателот на владата на Република Македонија Љубчо Георгиевски обраќајки се на насобраниот народ рече дека во македонската историја покрај илинденците од 1903 и 1944 година мора да се најде место и:

„Жртвите од минатата војна за нови илиденци за слобода и спасување на Македонија“

Осврнувајки се на минатогодишната воена криза во земјава премиерот Георгиевски посочи дека останаа две неодговорени прашања :

„Како да се дефинира војната што минатата година ја потресе нашата земја. Дали да ја дефинрираме како агресија на Обединетите Нации врз Република Македонија затоа што веќе воопшто не е спорно дека цела година се боревме со косовскиот заштитен корпус кој од друга страна е финансиран од истите Обединети Нации. Што треба да кажеме за да ја дефинираме нашата војна? Дека бевме изложени на една крајно непринципиелна коалиција. Коалиција меѓу интересот на одредени воено-индустриски комплекси од западните демократии и борбата за теритоии на нашите соседи, борбата за создавање на големо Косово. Одговорот на прашањето дали победивме, е одговор кој лежи со кој ние впрочем се боревме од другата страна?“

Сепак Георгиевски на крајот порача:

„Република Македонија има само единствен пат во својата надворешна политика интеграција со евро-атлантските структури, интеграција во ЕУ, затоа што друга алтернаива едноставно нема.“

Во манастирот Свети Прохор Пчински, пак, државна делегација предводена од претседателот на Собранието Стојан Андов положи цвеќе на спомен- плочата на местото каде што на 2 август 1944 година беше одржано првото заседание на АСНОМ, кога 122 делегати ги удрија темелите на новата македонска држава.
XS
SM
MD
LG