Достапни линкови

Формирана нова терористичка организација Илирида


Во тек се консултации на релација претседател на државата и владата за евентуално проширување на НАТО мисијата во нашата земја за време на претстојните парламентарни избори закажани за 15-ти септември изјави претседатлот на Република Македонија Борис Трајковски:

Инаку НАТО бара дополнителни 30 до 40 војници кои од мисијата на Алијанста на Косово би пристигнале во нашата земја и да имаат право да ги набљудуваат избрите не само во кризните региони туку на цела теритоија на држвата, со што не се согласува и премиерот Љубчо Георгевски барем судејќи според неговата последна изјава.

Претседателот Трајковки без конкретен одговор на прашањето дали „Килибарните лисици“ треба да останат во Македонија и по изборите:

„Мислам дека за ова прашање е подобро да се разговара по изборите, да се оценат сите безбедносни и политички аспекти и во консултација со владата што ќе биде избрана ќе донесеме и релевантна одлука.“

Додека премиерот Љубчо Георгиевски смета

„За останувањето на НАТО трупите немаме ништо против, со тоа што постои можност европските сили да ја заменат мисијата на НАТО на крајот на окгтомври. Ние немаме ништо против тоа ако тоа дојде во кооперативен разговор.“

Тој денеска соопшти дека во Македонија почнала да дејствува нова парамилитарна организација наречена Илирида:

„Има официјална информација со која дури е брифиран и македонскиот амбасадор во Брисел дека има формирано комплетно нова паравојска или паратерористичка организација со некое име Илирида, се споменувало името на Невзат Халили поранешен лидер на ПДП. Ако ние не сакаме да се соочиме со реалноста дека за албанскиот екстремизам не постојат само територијаните амбиции се друго е намалување на нашиот имунитет за одбрана. Проценката е дека таа нова организација брои околу 200 луѓе.“
XS
SM
MD
LG