Роднините на 12-те киднапирани Македонци од тетовскиот регион, кои утрово кај „Петрол Компани“ го блокираа автопатот Тетово – Скопје точно во 12 часот ги отстранија барикадите поставени од патнички и други возила. Автопатот беше блокиран четири часа без претходна најава, а нема најави ниту дали утре ќе има нови блокади.
Роднините на киднапираните чија судбина е неизвесна веќе цела година велат дека ова е единствениот начин што им остана за притисок врз домашните и странските фактори со кој можат да влијаат за решавање на нивниот горлив проблем.
„Измина година и ние одевме кај странците што се дојдени тука меѓутоа ништо. Бевме и кај нашите и секаде сме биле и никаде ништо, па сега се одлучивме за блокада и дополнително ќе се договориме до кога ќе трае.“
Блокадата на која се наоѓаат 50-тина роднини на киднапираните помина без никакви проблеми, а случувањата внимателно ги набљудуваа припадници на мисиите на ЕУ и на ОБСЕ, како и НАТО „Лисиците“ кои целата ситуација ја снимаа од возилата паркирани блиску до баркиадата, како и од хеликоптери што во повеќе наврати го надлетуваа местото.