Достапни линкови

Безмилосна борба против корупцијата


Социјалната стабилност на Албанија е со години подривана со корупција во владините структури и со сиромаштија – оценува новиот албански председател Алфред Мојсију кој себеси се опишува како премногу чесен човек. Во земја во која стотици семејства се издржуваат од одгледување и шверц со дрога и црн-маркет новиот шеф на државата најавува дека како председател ќе побара од канцеларијата на јавиот обвинител безмилосна борба против овие појави. А на врвот на неговата интензивна агенда за промени е борбата против корупцијата. Тој вели

„Мојата цел е борба против корупцијата и криминалот и секој што ја поддржува оваа борба ќе може да продолжи да ги извршува своите функции. Но секој оној што ќе се обиде да го забави или да му се спротивстваи на ова ќе биде разрешен.“


Ваквите ставови на албанскиот председател се потврдени и со неговото барање упатено до лидерот на социјалистите Фатос Нано во новата влада што тој треба да ја состави да не бидат застапени луѓе што како и Нано се вмешани во корупциски скандали. Стапувајќи на должност новиот председател, 73-годишниот генерал во пензија и поранешен министер за одбрана Алферд Мујсију вети-

„Ќе ги промовирам сите иницијативи – цивилни, политички, парламентарни или институционални, што ќе обезбедат подобро спроведување на Уставот, максимално почитување на правото на глас и слободна воља на сите албански граѓани, јакнење на уставниот, политички и економски ред во борбата со криминалот и корупцијата од сите видови и секаков облик на шверц и меѓународен тероризам.“

За мене Албанија доаѓа на прво место, вели Мојсију промовирајѓи го своето мото- Запад, Мир, Правда и Развој. Иако перспективите на Албанија за евроатлански интеграции се далечни новиот албански председател е оптимист

„Со постигнување политички консензус верувам дека клучните политички сили во државата ќе создадат клима неопходна земјата да тргне во насока што ја бараат Европската Унија и Нато.“

Клучен проблем на Албанија е политичка стабилност. Тој е сериозен, но не е нешто што не може да биде решено, смета новиот албански председател.
XS
SM
MD
LG