Достапни линкови

Напад на Израел, убиен водачот на Хамас


Израелскиот напад во кој загинаа 15 лица, главно цивили, меѓу кои и има и деца, а 150 се ранети се заканува повторно да го вовлече регинот во крвава спирала на насилства. Нападот врз зградата во која живееше водачот на военото крило на Хамас Салах Шехада кој беше и причина што израелски борбени авиони еф-16 нешто пред полноќ го извршија ракетирањето ги зголеми тензиите, и предизвика осуда поради цивилните жртви. Сепак, за израелскиот премиер Ариел Шарон акцијата која тој лично ја одобри и во која е убијен основачот на военото крило на Хамас Салах Шехада и главен планер на палестинските бомбашки напади е голем успех. Тој рече:

„Го нападнавме највисокиот член на оперативното крило на Хамас. Се разбира немавме намера да нападнеме цивили и жалиме поради оние кои се повредени. Но според мое мислење оваа акција е голем успех, но таа бара да се подготвиме за одмазнички акции.“

Предупредувањето на израелскиот премиер за можна одмазда се потврдува и со најавите на представниците на Хамас. Духовниот водач на движењето Шеик Јасин недвосмислено најави:

„Овој масакр што Израелците го извршија ноќеска не е нешто на што можеме да реагираме само со зборови. На ова ќе биде одговорено со акција.“

Двајца Палестинци денеска се убиени во обид да извршат бомбашки напад во еден израелски кибуц. Во појасот Газа огорчени Палестинци одржуваат демонстрации, а има и оружени судири со израелските војници. Палестинската автономна власт најави тужба против Израел пред меѓународниот кривичен суд поради воено злосторство. Истовремено акцијата е оценета како отворен обид на израелскиот премиер Шарон да ги уништи сите шанси за обнова на мировните преговори. Шефот на палестинскиот преговарачки тим Саеб Ерекат рече:

„Откако ги започнавме разговорите за обнова на мировниот процес, Шарон ни испрати порака дека треба да зборуваме со ракети, пушки и борбени авиони. Време е американскиот председател Буш да ги осуди овие злосторства.“
XS
SM
MD
LG