Достапни линкови

Кој бил поуспешен?


Со бројките може да се шпекулира, успешно или помалку успешно во настојувањето да се докаже пред јавноста кој е поуспешен потврдува професорот и екс министер за финансии Таки Фити.

„Бројките сами по себе, како голи факти чесопати не покажуваат многу ако тие не се проследени со квалитативна економска анализа може да ги замаглуваат наместо да ги откриваат реалните факти во еконосмкиот живот. Работите можат да дојдат до таму што со бројките може да се шпекулира, да се манипулира, при што таа шпекулација или манипулација некогаш може да биде многу вешта, а понекогаш може да биде многу провидна.“

Генералниот директор на Комерцијална Банка Хари Костов се обидува со бројки да докаже што вети, а што оствари актуеланата власт.

„Ветувањето беше дека бруто домашниот производ, она што популарно го викаме Џи-Ди-Пи, ќе има пораст од осум насто годишно. Наместо таа стапка на пораст, остварен е пораст од само 1.9 насто, со тоа што во 2001-та година е регистриран пад на општествениот производ од 4.6 насто. За 2002 година вклучена е проекција на владата на Георгиевски дека во 2002 година ќе оствари пораст на БДП од 4 насто. Веќе имате нова едиција бројки и факти, но таа бројка за БДП во 2002 година е веќе сведена на три насто.“

Актуелниот министер за финансии Никола Груевски пак во обид да ги брани постигнатите резултати.

„Мојот одговор е во 99-та година реалниот раст беше 4.3 насто, во 2000-та 4.6 насто. Оставам другите да проценат дали растот не се случил. Кога се работи за економските податоци прво треба да расчистиме една работа, дали некој на оваа маса смета дека подаоците се невистинити. Ако некој тоа го смета, веднаш треба да го докаже. Податоците не само што се вистинити, туку се признати и од ММФ со мал исклучок околу проценката на БДП за 2002 година каде што дилемите беа помеѓу 2.5 и три насто.“

Во многуте за и против успешноста, односно која влада била поуспешна соломонски аспект на професорот на еконосмкиот факултет Душан Вељковиќ.

„Ние се надмудруваме која влада била подобра од претходната, а всушност имаме ситуација на една цела деценија агонија на македонското стопанство, а со тоа и населението со изразено деструктивни процеси и негативни трендови. Ако сакаме објективно, да не речам да дискутираме научно ние можеме да дискутираме која од двете влади била помалку лоша, односно постигнала помалку лоши резултати.“
XS
SM
MD
LG