Достапни линкови

Едвард Џозеф од Меѓународната кризна група. Меѓународната заедница треба да биде подготвена за вистински одговор


Како ја оценувате предизборната кампања во Македонија?

Според мене има простор за сериозна загриженост. Гледаме забрзување на насилнички инциденти во Македонија. Без оглед дали се или не се директно поврзани со изборите, како на пример во Виница, тие секако го зголемуваат стравувањето. А во време на предизборна кампања многу е опасно да има зголемување на стравот. Инцидентот во Желино исто така е многу сериозен затоа што постоеше можност за меѓуетнички судир. За мене ова се сериозни инциденти и показатели што би можело да се случи за време на кампањата.

Сметате ли дека МЗ со испраќањето на набљудувачите и воопшто ангажманот во земјава достатно одговара на предизвикот?

Лично сум загрижен за степенот на подготовките на Меѓународната заедница. Ова е најголема набљудувачка мисија, но сепак е само набљудување што само по себе е ограничувачко. Според мене дискутабилно е дали големината на мисијата ќе биде доволна да одврати или дури да одреди дали имало инциденти или фалсивикување за време на изборите. Друга работа што исто така сметам дека е важна е навистина ниското ниво на доверба што македонските граѓани и македонските политички партии ја имаат во своите институции. Нив не им се верува, нема доверба во тоа дека изборите ќе бидат фер или дека Државната изборна комисија ќе биде способна да се справи со проблемите без притисок. Во таква ситуација е мислам неизбежно полититчките партии да побараат од меѓународната заедница да даде свој суд за изборите и таа треба да биде подготвена тоа и да го направи.

Последниот извештај на меѓународната кризна група е посветен на корупцијата. темата е особено присутна по донаторската конференција. Има ли чекор напред во отворањето на ова според многумина клучно прашање за Македонија што стана дел од предизборната кампања.

Јас мислам дека прашањето на корупцијата, особено по донаторската конференција на еден многу позитивен начин доби јавна подршка во македонија. Истовремено мислам дека е нормално и корисно оваа тема да биде дел од предизборната кампања доколку праШањето е : како ќе се смени системот, како работите ќе бидат поинакви во иднина. Тоа треба да биде клучното прашање Многу е лесно само да се каже дека корупцијата е лоша работа, многу потешко е да се објасни како намеравате да се борите против неа, кои конкретни мерки ќе бидат спроведени. Оценката за тоа која партија не е само декларативно против корупцијата е работа на македонските медиуми, експерти и во крајна линија првенствено на македонските избирачи. Тие треба да решат дали некој политичар ќе краде или ќе помогне во обновата на економијата, ќе овозможи вработување, ќе ја намали сиромаштијата. Бидејќи главната поента тука, а можеби политичките партии тоа доволно не го објаснија е дека постои поврзаност меѓу лошата состојба во економијата и високиот степен на корупцијата. Тоа значи кога се соочувате со мошне сериозна економска ситуација треба да видите што владата направила во нејзино подобрување и привлекување на странски инвестиции на пример. Значи има една директна поврзаност меѓу степенот на корупцијата и лошата економска состојба. А, како резултат се јавува и нискиот степен на надеж, особено меѓу етничките Македонци кои бараат начини да емигрираат и да ја напуштат земјата, што е според мене трагично.
XS
SM
MD
LG