Македонија има добра перспектива, доколку претстојните избори се спроведат на слободен и фер начин, рече за време на посетата на Македонија генералниот секретар на Советот на Европа, Валтер Швимер.
„Јас би сакал да апелирам до сите политички партии кои ќе учествуваат во овие избори, тие се одговорни за иднината на оваа земја без разлика каква улога ќе имаат по изборите дали ќе бидат во влада или опозиција. Сите тие треба да бидат обединети во справувањето со екстремизмот, а треба да ја преземат и одговорноста за јазикот кој ќе се употребува во преизборната кампања.“
Швимер посочи дека Македонија има голема улога во унапредување на регионалната соработка.
„Се согласивме дека иднината на Европа е поврзана со се помалата важност на самите граници во Европа и со високо ниво на слобода на движење на граѓаните.“
Министерот за надворешни работи, Слободан Чашуле истакна дека изборите не треба да бидат проба туку потврда дека Македонија отсекогаш била кадарна да им понуди на граѓаните мир и безбедност за да ја изразат политичката волја.
Швимер и Чашуле потпишаа меморандум за продлабочување на соработката меѓу Македонија и Советот на Европа.