Достапни линкови

Водоснабдувањето повторно проблем


Водоснабдувањето и ова лето ќе биде проблем за многу градови во државава е ново - старата констатација на комуналните претпријатија што е добиена според последните податоците од хидрометооролошлошкиот календар како и од анлизата на податоците за состојбата во која се наоѓаат голем дел од водоводните мрежи кои се дотраени и со дефекти.

Со недостиг од вода веќе се соочуваат велешани и дел од граѓаните на Тетово но кругот на локации каде количествата со вода се под потребното ниво не завршува тука. Во делови од источна Македонија има градови кои се на граница со водените ресурси.
Дождот што годинава за разлика од другите години падна во поголеми количества според претседтелот на здружението на комунлни претприајтија Борисав Мимов засега не е од голема полза.

„Овие дождови единстевно овозможија да се забави периодот од кога ке почанат редукциите со вода,“ - рече Борисав Мимов од здружението на комунални претпријатија.

Лошата хидролошка слика во голем дел се објаснува како последица на сушниот период што го зафати регионот во траење од 15 години наназад и не е можно да се поправи за една година

„Сега сме на излегување од сушниот период - барем според тоа што го кажува науката но тоа не се случува преку ноќ. Не може да се очекува дека од следната година ќе имаме многу вода. Напротив циклусот е синусоида и сега сме на граница што треба да заначи излегување од сушниот период,“ - вели Мимов.

Но феномените на природата што подрзбираат сушни и години со дожд не се единствените за да се објаснат лошите прилики со водата во Македонија. Мимов набројува и други причини:

„Инвестициите се многу битни на ова поле. Ако видиме што се служува во светот во делот на модернизацијата на водоводната инфраструктура ние заостануавме не затоа што не знаме туку затоа што немаме пари.“
XS
SM
MD
LG