Достапни линкови

Недостасува построг систем на контрола и едукација


Последниот инцидент во Виница кога полициските тигри усмртија едно момче а тројца се ранети е аларм оти државата подолго време се движи во погрешна насока посочуваат анлитичарите кои овој случај го гледаат како одраз на севкупните осостојби. Ова е прв случај во кој инцидентот е предизвикан од претставници на специјалните полициски единици и тигри, додека оваа и измантата година се случија повеке инциденти во кои учесници беа лавовите.

Сето ова јасно упатува на впечатокот:

„Дефинитивно она што недостасува во овој тип на организација во единицата за специјални потреби е контролата во Република Македонија. Се наметнува прашањето околу ревидирање на комплетна реорганизација на единиците за специјална намена од една страна, или втората работа дали тие единици треба да бидат само во рамките на МВР или треба да бидат изземени дури и од тоа министерство со некој поголем и построг механизам на контрола,“


рече Др Никола Тупанчевски од катедрата по кривично право кој особено внимание обрнува на неедуцираноста на лавовите.

„Тие се луѓе коишто со два-три месеци обука доаѓаат до неверојатни овластувања што многу често ги злоупотербуваат. Ако останат, а такви единици сметам дека треба да има во Република Македонија ќе треба повеќе да се работи на нивната едукација.“

Се појавија ситуации кои се провокација за безбедноста во дражавава. МВР го демантираше амбсадорот на НАТО во Македонија Бигман кој го потврди неодамнешното присуство на вооружени лавови на блокадата на тетовчани кај Желино. Се случија и примери од типот лав од небрежност рани малолетник во кафеана во струмичко. Пред два дена припадник на единицата за брза интервенција под неутвреднени оклкности ја застрелал својата девојка

„Дефинитивно нивната намена не смее да биде контрапродуктивна како што се покажува последниве месеци или во последнава година.“

Отсуството на теоретска обука на лавовите и инцидентите што тие ги предизвикуваат се главните аргументи на претствниците на меѓународната зедница во нивната иницијатива за распуштање на лавовите.

МВР и Гергиевски до сега рекоа дека постои можност кога ќе биде воспоставен мирот овие единисци да бидата пренаменети при што Бошковски спомена можност за нивно вклучување во гарничната полиција која сеуште не е формирана.
XS
SM
MD
LG