Достапни линкови

Шерон Валентајн, шеф на американската стопанска комора во Македонија. Целта е што повеќе американски инвеститори


Минатата недела американската стопанска комора упати барање да се повлече репортажа на тетелевизиската куќа Си-Ен-Ен во која Македонија се спомнува во негативен контекст. За што се работи?

На СиЕнЕн кон крајот на јуни го гледав прилогот кој се однесуваше на ситуацијата во Грузија, при што се зборуваше дека е киднапиран банкар од Европа и се објаснуваше дека е опасно да се инвестира во Грузија, што е во ред но на крајот во извештајот се зборуваше и тоа дека оваа ситуација е слична како во Македонија и Албанија. Поради тоа ние испративме писмо до Си Ен Ен и побаравме да се повлечат референците за Македонија кажувајќи дека немало киднапирања ниту закани за киднапирања на странски личности од бизнисот во Македонија.

Од кога функционира американската стопанска комора во Македонија и кои се нејзините примарни задачи.

Американската стопанска комора во Македонија е основана во доцна есен 2000 и нашата главна цел е да ги заштитиме бизнис интересите на нашите членови и да ги охрабриме странските инвестиции , особено американските инвестиции во Македонија. Сега имаме над 1 000 компании членки од кои над 80 насто се главно македонски компании, а останатите 20 проценти ги претставуваат странските, првенствено американски инвеститори. Она што се обидуваме да го направиме е да им овозможиме на нашите членки да ги промовираат нивните бизнис услуги, се обидуваме да обезбедиме информации за потенцијалните инвеститори за можностите во Македонија и секако се обидуваме да го подобриме бизнисот во земјава. Во моментов имаме осум комитети што се фокусирани на сектори кои се грижат за водечките членови на организацијата, на пример имаме финансиски комитет што ги вклучува главните сметководствени фирми и претставници на банкарскиот сектор. Имаме правен комитет кој вклучува правни советници од различки фирми како и правни фирми. Она што генерално сакаме да го направиме е да бидеме гласот на приватниот сектор, претставувајќи го нашето гледање на законодавството и начинот на работењето што може да придонесе кон подобрување на условите за бизнис и да ги донесе странските инвеститори.

Сево ова во ситуација кога наголемо се зборува за губењето на интересот на Америка за овој регион и напуштањето на Балканот како сфера на интерес?

Не сум запознаена со какви било намери на Америка да го напушти регионов, особено Македонија. Ние го застапуваме бизнис делот и наша цел е да донесеме повеќе американски инвеститори во Македонија. Има недостиг на информации за Македонија. Луѓето едноставно не ги слушаат добрите вести од Македонија. Една работа во која ние многу вложуваме е списанието кое излегува еднаш месечно. Тоа содржи информации за компаниниите и за позитивниот развој што се случува во земјава и ова списание се дистрибуира во Европа. Наша цел е да донесеме што повеќе американски стопанственици во Македонија и според мое мислење оваа цел е многу реалистична.
XS
SM
MD
LG