Достапни линкови

ДПА побара одложување на состанокот за утре


Временскиот период за подготовка на изборите, односно изборната процедура која предвидува регионални и општински органи е сериозно загрозена со неисполнувањето на обврската на ДПА да предложи свои членови во Државната изборна комисија. Собраниската комисија која денеска требаше да им даде виза на членовите на ДИК е одложена до утре по барање на партијата на Џафери која се надева дека дотогаш ќе биде задоволено нивното барање овој состав на Собранието да расправа и да ги усвои Деловникот за работа на парламентот и законот за пасошите.

„Нема да предложиме кандидати за ДИК, додека не се решат овие суштински прашања,“ - изјави Назми Кадриу.

Мегутоа, социјалдемократите оценуваат

„Ваквиот начин на делување на ДПА во основа значи опструкција на изборните дејства и создавање хаос во предизборието,“ - рече Александар Гештаковски

Според Абдулади Вејсели од ПДП условувањето на ДПА е предизборен маркетинг:

„Ние сме во изборна година и сакаме да собереме политички поени, но ако сакаме да има фер и демократски избори, треба да створиме услови за тоа, да ја формираме ДИК за потоа по вертикала да може да се формираат и другите изборни органи.“

Се поголеми се шансите во име на ДПА, на утрешната седница на Комисијата за избори и именувања ВМРО-ДПМНЕ да ги предложи партиските членовите во ДИК за оваа партија.
XS
SM
MD
LG