Достапни линкови

Победа во војната против тероризмот и зајакнување на економијата


Американскиот претседател Џорџ Буш побара поддршка и помош од Конгресот во постигнувањето на, како што рече, три големи цели: Победа во војната против тероризмот, заштита на американската територија и зајакнување на економијата.

Соединетите Американски Држави ќе ги искористат сите неопходни мерки за соборување на ирачкиот претседател Садам Хусеин, изјави Буш на прес конференцијата во Белата Куќа, додавајки дека светот ќе биде многу побезбеден и помирољубив без ирачкиот лидер.

„Државна политика на оваа влада е да го смени режимот и ние ќе ги употребиме сите средства за да ја оствариме таа цел.“

Буш побара од Конгресот да го забрза усвојувањето на законите за финансирање на акциите на Пентагон во војната против тероризмот и на новата администрација, задолжена за безбедноста во сообраќајот. Тој оцени дека е постигнат добар прогрес во анти-терористичката кампања, и оти сега Осама Бин Ладен не е главната цел, бидејки тероризмот не е една личност. Во врска со Блиско-источната криза, американскиот претседател изјави дека палестинците оствариле напредок во спроведувањето на реформите на институциите, што е предуслов за конституирањето на палестинската држава. Буш додаде дека ќе побара од израелците да дозволат поголема слобода на движење за палестинците. Претседателот Џорџ Буш посебно се осврна врз економијата и последните финансиски скандали. Тој вети дека владата ќе ги казни сите бизнисмени кои ги прекршиле законите и ја нарушиле довербата во американската економија.

„Ќе предложам нови закони и акции за казнување на оние што ја нарушија инвеститорската доверба, а ќе ги заштитиме пензиите на американските работници.“

Буш ги повика американските бизнис лидери да обрант поголемо внимание на кредибилитетот на нивните корпорации, со цел да зајакне американската економија и да го задржи угледот во светот.
XS
SM
MD
LG