Достапни линкови

Има индиции дека ОНА и МВР имаат податоци за исчезнатите


Постојат идиректни показатели дека структури на поранешната ОНА ги кидапирала осумтемина Македоци и дека структури на МВР имаат релевантни сознанија за тројца од киднапиарните Албанци, но меѓународната комисија за исчезнати лица нема цврсти информации што точно се случило со нив и дали се тие живи

„Задржувањето на информациите е основната причина поради која комисијата не дојде до вистината. Одговорноста да се дознае што точно се случило лежи во законите на оваа земја, но и во структурите ан поранешната ОНА и на МВР,“ -
директно посочи претседателот на комисијата Ларс Вахлунд и укажа дека од овие структури во иднина ќе се бараат конечните одговори за судбината на киднапирание Македонци и Албанци за да се дојде до конечен извештај.


Во извешатајот се обрнува оеобено внимание дека Даут Реџепи познат како командант Лека бил одговорен за единиците на ОНА кои биле активни во таа област на тетовско каде се киднапирани Македонците. Се споменуваат и имињата на комндантите Зекирија и Сафет што во разговорите на комисијата со водството на ОНА биле посочени како одговорни за акциите во Непроштено каде што биле киднапирани тројца Македонци. Но, тие не понудиле релевантни информации иако во разговорите ОНА ја информиарало комсиијата дека тие Македонци се ликвидирани и однесени на непознато место.

„Ова не значи дека команднтите на ОНА се виновни, но тие ја имаат одговорноста да дознаат нешто повеќе за судбината на киднпираните,“ - рече шведскиот амбасадор кој исто така укажа дека ниту МВР не одговорила на прашањата на комисијата иако според сознаниајта на комисијата постојат лица кои имаат информации за трите случаи за киднапирање на македонски Албанци.

Комисијата има впечаток дека албанската страна била покооперативна во истрагата, за разлика од МВР

„Кога ќе кажаевме дека сакаме да се видиме со одреден командант на ОНА тоа ни беше овозможено, иако од друга страна, не може да кажеме дека тој потоа особено соработуваше со комисијата.“рече Ларс кој му забележа на МВР дека со месеци не и одговорило на комисиајта за судбината за исчезнатите Албанци овој извештај ќе биде ставна на рсполгање на хашкиот трибунал.

За роднините на кидпаираните Македонци пак тој не нуди ништо ново и поради тоа Војо Гоговски највуава:

„Буквално немаше ништо и сега сме оставени сами на себе. Ќе продолжиме со блокадите и ќе ги интензивираме во наредниве денови, “ - рече Војо Гоговски.

Роднините нездоволни од извештајот демнонстативно ја напуштија средбата на која Ларс на комисијата за аполитички систем ги презентитрал информацииете. Блокадата во Желино на која присуствуваа стотици Македонци изутрина беше проследена и со неколку истрели во воздух, но официјално не е потврдено кој пукал.
XS
SM
MD
LG