Достапни линкови

Чудење од постапката на синодот, крај на преговорите


Нишкиот владика Иринеј за Радио Слободна Европа изјави дека се очекувало постапката на Јован да ја следат и владиките Тимотеј, Наум и Петар бидејќи немало ништо спорно во нишката спогодба.

„Нема што да кажам, освен дека сум изненаден. Ако е тоа точно, а веројатно е тогаш немам комантар. Дотолку повеќе и што неговиот став беше и став на епископите што учествуваа на преговорите во Ниш, бидејќи нема ништо ново од тоа што беше решено со спогодбата во Ниш. Ние мислевме дека тоа на едноставен начин ќе биде прифатено од целата црква, такво беше и нивното мислење и затоа ова што се случува сега е многу чудно, изненадувачки и без оправдување. Мислам дека интервенцијата на полицијата во Велес за отстранување на владиката Јован е крајно дивјаштво и обид црковните проблеми и прашања што ние ги решаваме во братска атмосфера да се решаваат на чуден начин. Јас лично очекував дека како владиката Јован ќе постапат и митрополитите Тимотеј, Наум и Петар. Сега е создадена ситуација која СПЦ ќе мора да ја разгледува многу сериозно. Тоа практично значи дека се отфрлени сите понатамошни преговори. Односно, постапката со Јован значи крај на преговорите.
XS
SM
MD
LG