Достапни линкови

Прво пасош и деловник, па избори во Македонија


Процесот на доставување на имињата на членовите на ДИК што според законскиот рок би требало да заврши најдоцна до вторник веќе започна со предлогот на имиња што вчера попладне ги достави СДСМ.

„За член на ДИК е предложена досегашната заменичка член, адвокатката Мери Младеновска, а за заменик член е предложен адвокатот Александар Новаковски,“ – изјави Владо Бучковски.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев рече:

„ВМРО-ДПМНЕ денеска ги достави своите предлози за состав на ДИК.“

Слични најави има и од ПДП:

„Се договоривме до денеска да бидат испратени кандидатите за ДИК. ПДП тоа ќе го стори во денешниот ден,“ – вели Абдулади Вејсели од ПДП.

Единствено ДПА кандидирањето на членовите го условува со собранискиот деловник и законот за пасошите, па за канидирањето на членови на ДИК Илијаз Халими од ДПА вели:

„Штом ќе се договориме за законот за патни исправи и деловникот за работа на парламентот.“

Токму пасошите и деловникот се и можни теми на последнта седница на собранието на која пратениците треба да дадат виза за составот на ДИК се во фокусот на интензивни обиди на меѓународните претставници да го забрзаат процесот на формирање на изборните органи. Намерата е да се изнајде компромисно решение за спорот околу пасошите, но истовремено да не се дозволи тоа да го загрози изборниот процес на било каков начин. Тоа едноставно нема да го дозволиме, велат дипломатски извори.
XS
SM
MD
LG