Достапни линкови

Порака за фер и демократски избори


„Ние го одржавме и го одржуваме нашето ветување за помош и поддршка на Македонија. Очекуваме, демократски и слободни избори со чиста и фер изборна кампања, а одговорноста е на македонските политички лидери,“ - порача на крајот на посетата на Скопје еврокомсарот Крис Патен.

Не криејќи го несогласувањето со некои како што беше речено владини и медиумски тврдења за недоволна и неефикасна помош Патен со конкретни бројки:
за доделена и реализирана итна помош од 26 и пол милиона евра, за реконструирани 875 куќи чиј што број до крајот на месецов ќе изнесува 960 и за дополнителна помош од 3,6 милиони евра за обнова на уште двесте куќи.

„Згора на тоа имаме редовна програма за соработка. Се согласивме за сума од 40 милиони евра,“ - изјави еврокомесарот и додаде „Оттаму сите забелешки за лошото работење се неосновани. Ако вицепремирот Крстевски оценува дека европската помош е недоволна и неефикасна: тогаш тој е можеби слабо информиран за еден вицепремиер.“

Патен кој во Скопје немаше можност да разговара со премиерот Георгивески . По средбите изутрината со вицепремиерот Насуфи и минисетерот за финанскии Груевски, и претходно по средбите со председателот Трајковски и претседателот на парлементот Андов, Патен ја напушти предизборната Македонија со оценка:

„Ние сме тука како долгорочни партнери на Македонија но јасно е дека водството и храбрите потези мораат да дојдат од локалните лидери, а нивната прва задача е да обезбедат изборите да се спроведат мирно. Сакаме да видиме чиста и фер изборна кампања. Ќе испратиме набљудувачи. Се надеваме дека нивното присуство ќе допринесе кон успехот на изборите, но пред се се бара одговорноста од локалните политички лидери и се надевам дека ќе го видиме тоа.“
XS
SM
MD
LG