Достапни линкови

Најмалку 71 загинат, повеќето деца


Во јужна Германија и натаму продолжува истрагата по телата на најмалку 71 лице, повеќето деца кои загинаа при судир на руски патнички авион и американски товарен авион над јужна Германија. До сега се откриени 26 тела.

„Меѓу загинатите има осум деца под 12 години , а 35 до 16 годишна возраст,“ изјави портпаролот на руското министерство за вонредни состојби, со што се објаснуваат големите разлики околу бројот на загинатите деца . Во првичните извештаи беше соопштено дека животот го загубиле 50 деца.
Според руски извори, загинатите деца се по потекло од Башкирската Република на руската Федерација и патувале за Шпанија на летување. Во товарниот авион Боинг како што се верува се наоѓале само две лица, членови на екипажот кои превезувале товар на дистрибутивната служба Де Ха Ел .
Авионите се судриле во воздух во 23 часот и 43 минути по средноевропско време, над градот Иберлинген во близина на германско – швајцарската граница. Полицијата веднаш по полноќ соопшти дека остатоци од авионите паднале на површина од 30 до 40 километри северно од езерото Констанца. При паѓањето на авионите , неколку згради биле зафатени од оган , меѓу кои и едно школо.
Германскиот министер за Транспорт Улрих Милер, по несреќата изјави

„Најважно од се е да се пронајдат телата на загинатите , да се идентификуваат и да бидат пренесени во нивната земја.“

Според наводните информации кои ги добил од Швајцарската цивилна авијација , која е задолжена за контрола на тој дел од германската територија , Милер рече дека еден швајцарски контролор на летање ,безуспешно го повикувал пилотот на Туполјев да лета пониско , но од него не добил одговор и се претспоставува дека пилотот направил грешка.
Шефот на Воздушнат операциска Компанија Скај Гард , која ја врши контролата на летање во Швајцарија , Карло Бернаскони , не можеше ниту да ги потврди ниту демантира информациите на германскиот министер , бидејки како што рече истрагата е во тек . Засега е пронајдена само црната кутија од рускиот авион Тупољев , додека по другата од авионот Боинг сеуште се трага .
XS
SM
MD
LG