Достапни линкови

Поддршка на изборниот процес


Престојот на еврокомесарот Крис Патен во Скопје ќе биде уште една потврда на пораката што меѓународната заедница и ја испраќа на Македонија за потребата од фер и демократски избори како услов за напредување кон Европа.

„Еврокомесарот Патен во Скопје ќе ја демонстрира подршката на изборниот процес и довербата на Европската Унија дека ќе се искористи мигот и ќе се одржат слободни и фер избори. Навистина се надеваме дека планираното ќе се спроведе онака како што е планирано што значи дека ќе има избори на 15-ти септември,“ - изјави портпаролот на Патен Гунар Виланд.

Но, освен порака за изборите и имплеметнацијата на охридскиот договор еврокомесарот Патен доаѓа и со задача да им стави крај на гласините па и оценките на македонската влада за лошото работење на европската агенција за реконструкција.обвинета заедно со другите меѓународни агенции за нетранспаретност.

„Еврокомесарот ќе нагласи дека нема причина за забелешки за нетранспарентност. Ние сторивме се да ја подржиме Македонија во една навистина тешка ситуација. Имаме причина да бидеме горди на имплеметација на нашата програма за брза интервенција во кризните региони и долгорочната програмата која е во фаза на започнување . Нејзиното доцнење се должи на потребата прво да се фокусираме на брзата интервентна помош во кризните региони. Немаме што да криеме и можеме да бидеме горди за постигнатото. Обновени се 875 куќи, до крајот на јули тој број ќе изнесува 950,“ - рече портпаролот на Патен.

Оттаму Очекувањето на европската комисија се дека со разговорите на еврокомесарот во Скопје ќе се внесе ред во работењето на европските претставништва и кординираност на помошта, но и дефинитивно ќе им се стави крај на овој тип обвинувања. Сепак дипломатски извори со жалење констатираат дека иако барањето за средба меѓу еврокомесарот Патен и премиерот било навреме упатено до неа нема да дојде поради отсуството на Георгиевски. Патен во Скопје доцна вечерва ќе разговара со претседателот Трајковски , а утре со потпретседателот во Владата Насуфи и министерот за финансии Груевски.
XS
SM
MD
LG