Достапни линкови

Промена на власта што работи против националите интереси


Здружената опозиција „За Македонија заедно“ е задоволна од одзивот на граѓаните на синоќешниот митинг.

„Тргнуваме во поход да ја промовираме програмата меѓу народот, мислам дека направивме многу денеска. Да го охрабриме народот и да кажеме дека конечно ние доаѓаме. “

Изјави потпретседателот на СДСМ Владо Бучковски по митингот на кој беше промовиран опозицискиот блок партии кои заеднички ќе настапи на изборите на 15-ти септември, а кои го сочинуваат: СДСМ, ЛДП, Демократската лига на Бошњаците, Демократскиот сојуз на Власи и Обединетата партија на Ромите.

„Јас не претпортавувам, јас не се надевам, јас не очекувам, јас точно знам што ќе се случи на 15-ти септември. Народот ќе ја земе судбината во свои раце. Сите ќе ја видиме големата сила и волја на овој народ. Овој народ ќе прослави, ќе обзнани една голема победа,“ – истакна лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски пред преполнетиот плоштад.

Тој порача дека ќе биде прекинат процесот на реваншизам што го практикува актуелната власт.

„Криминалот и криминалците имаат име и презиме и тие ќе одговараат пред правдата. Но, сите оние членови на владеачките партии кои чесно и одговорно си ја вршат својата работа нека не стравуваат за своите работни места,“ – рече Црвенковски.
XS
SM
MD
LG