Достапни линкови

СПЦ нудеше најширока автономија на МПЦ


Изјава за Радио Слободна Европа на владиката Нишки Иринеј кој го предводеше тимот на СПЦ во разговорите со претставниците на МПЦ.

„Не сакавме раскол кај нив. Она што го напиша патријархот беше токму со желба да се надмине расколот, како и последиците од расколот што се катастрофални за народот. Тие литургиски се изобличени во фамилијата на православните цркви,“

изјави за Радио Слободна Европа нишкиот владика Иринеј по повод ставот на Светиот Синод на МПЦ дека СПЦ се обидува да внесе раскол во МПЦ. Тој додава:

„Со желба тоа да се надмине и веќе да не се одолговлекува, патријархот напиша едно татковско, едно такво добронамерно и мирољубиво писмо и предлог на кој се одѕва митрополитот Јован. Нас тоа пријатно не изннади. Тоа го очекувавме и од целата црква.“

Според владиката Иринеј, Српската црква нуди најширока можна автономија која скоро се граничи со автокефалност.

„Единствена врска беше патријархот и уште некои литургиски моменти што се врзани за изборот на нивниот иден архиепископ кој на тронот треба да го воведе српскиот патријарх. Значи, тоа се само лесни духовни врски, Очекувавме тоа, без многу размислување и поговор, да го прими целата нивна црква. Таков текст прифатија нивните делегати,“ - изјави за Радио Слободна Европа нишкиот владика Иринеј кој го предводеше тимот на СПЦ во разговорите со македонските црковни претставници.
XS
SM
MD
LG