Достапни линкови

Нови лидери и демократија за натамошна поддршка


Американскиот претседател Џорџ Буш побара од Палестинците да се тргнат од Јасер Арафат, да го избегнуваат теророт и да ја прифатат демократијата.

„Го повикувам палестинскиот народ да избере нови лидери, лидери кои нема да бидат компромитирани од терор. Ги повикувам нив да изградат демократија базирана врз толеранција и слобода.“

изјави Буш во говорот во Белата куќа во кој додаде дека Америка ке го подржи создавањето држава на Палестинците, но само доколку нивното раководство прифати нови безбедносни релации со Израел.

„И кога палестинците ќе имаат нови лидери, нови институции, и нови безбедносни аранжмани со нивните соседи, Соединетите држави ќе го подржат создавањето палестинска држава.“

Иако, не го спомна Арафат по име, неговата порака беше јасна. Буш побара и од Израел да ги запре активностите на палестинските територии и да ги одмрзне палестинските приходи. Неговиот говор како што се оценува го постави поблиску до израелскиот премиер Ариел Шарон. Израелските министри изразија отворено задоволство од говорот на американскиот претседател. Палестинската управа и нејзиниот претседател ги поздравија предлозите на Џорџ Буш, како што е соопштено во Газа. Палестинскиот преговарач Саеб Ерекат, пак за Си Ен Ен изјави дека е неприфатливо барањето на Буш за ново палестинско раководство.Во меѓувреме е соопштено и дека Јасер Арафат потпишал декрет за одржување избори на палестинските територии. Генералниот секретар на Обединетите Нации Кофи Анан позитивно ја оцени новата американска стратегија за Блискиот Исток, но не го коментираше повикот за избор на ново палестринско раководство. Аналитичарите во Вашингтон реагираа многу брзо критикувајки делови од говорот на американскиот претседател. Белата куќа, вели Џудит Кипер Центарот за стратегиски и меѓународни студии , традиционално премногу се насочи кон Арафат додека и Шарон е исто така неволен мировен партнер.

„Има двајца лидери кои не можат да владеат, кои не можат да презентираат визија за подобра иднина за нивните народи, и кои не можат да повлечат доколку не бидат присилени на тоа.“

Аналитичарот Тед Карпентер, пак додава дека истражувањата за палестинците не покажуваат дека тие ќе подржат ново раководство. Само за пример, вели Карпентер за 68 проценти од Палестинците самоубиствените бомбашки напади преставуваат легитимна стратегија за ослободувањето на историската Палестина.
XS
SM
MD
LG