Достапни линкови

Филип Рикер, портпарол на Стејт Департментот. САД го поздравуваат донесувањето на законите


Изјава на портпарол на Стејт Департментот Филип Рикер за изгласаните закони.

„Соединетите држави го поздравуваат усвојувањето на пакетот од 15 закони што беа предвидени со Охридскиот рамковен договор. Ја цениме одличната работа на потписниците на Охридскиот договор и работата на Македонскиот парламент во правецот на целосната имплементација на политичкиот рамковен догор. Веруваме дека примената на преостанатите обврски од рамковниот договор предвидени да се донесат во овој период ќе ја создаде потребната основа за кампања за престојните парламентарни избори во Македонија. Ги потикнуваме македонските политички лидери да обезбедат навремено усвојување на сите преостанати мерки , како што се Законот за патни исправи и Деловникот за работа на Собранието. Со ваквите постигнувања Македонија го продолжува патот кон мирот и стабилноста , кој бездруго се базира на спроведување фер избори ослободени од насилство и во согласност со меѓународните стандарди. Ние и натаму ќе го следиме развојот на ситуацијата таму.“
XS
SM
MD
LG