Достапни линкови

Роберт Сери во Скопје


Меѓународната заедница до политичките партии во македонија недвосмислено ја пренесува пораката до сите политички партии за воздржување од насилство и потребата од слободни и фер избори. Во проценка на фактичката ситуација, една недела пред доаѓањето на генералниот секретар на НАТО Роберсон, во земјава е повторно специјалниот пратеник на Алијансата за Балканот Роберт Сери. Тој, по средбите во Македонија, на состанокот на северноатланскиот совет ќе реферира за актуелните случувања во Македонија со препораки за улогата и задачите на НАТО-мисијата за време на предизборниот и изборниот период. За таа цел тој разговара со претставниците на ОБСЕ и другите меѓународни мисии и со македонските власти. Сево ова, откако и јавно беше изразена загриженоста на Брисел поради можноста од зголемување на тензијата и евентуална дестабилизација за време на предизборната кампања. По состанокот на министрите на Европската Унија препораките се дефинирани како очекување: дека сите политички партии ќе се воздржат од провокации и заплашување за време на кампањата, рече портпаролката на Хавиер Солана Кристина Галах по вчерашниот состанок на министрите за надворешни работи на Европската Унија на кој европратеникот Леруа информираше за ситуацијата во Македонија и побара продолжување на меѓународното присуство во Македонија до јуни идната година .

Загриженост од можна изборна дестабилизација на земјава е присутна и во НАТО мисијата. Во таа смисла не се исклучени и средби на Роберт Сери со претставниците на албанскиот камп. Имено тој е дипломатот кој своевремено беше задолжен за контакт со Ахмети.
XS
SM
MD
LG