Достапни линкови

Професорот Гордана Силјановска, експерт по изборни право. Во Македонија се е атипично


Професорот Гордана Силјановска, експерт по изборнo право понудата за коалиција на ВМРО-ДПМНЕ до СДСМ

Понудата е предвремена. Мислам дека треба да се почека изборниот резултат, да се почека што ќе каже народот како арбитар, па потоа да се стапува во понуди за коалиција и слично, оти за да понудите договор за формирање влада треба најпрвин да влезете во парламентот и тоа со пристоен резултат којшто ќе ве стави во позиција да можете да нудите нешто и да очекувате одговор. Ова не се однесува само на понудата на ВМРО-ДПМНЕ, се разбира сега е предизборие и веројатно сега е погоден миг да се добиваат поени со секакви понуди, па и со оваа. Во Македонија некако се е атипично. Кај нас се е изместено и извитоперено. Кога се нуди коалиција, кога не нуди договор без оглед дали е предизборен или пост изборен, се тргнува од програмата, од целите на програмата, од сличноста на целите бидејќи тоа е идејата на правењето коалициона влада – да може во програмата на мандаторот да бидат вградени и делови од програмите на коалиционите партнери. Не можете да функционирате како влада ако програмите се толку различни дури и во однос на државата. Во случајов меѓу партнерите нема консензус во однос на основните државни цели. Во правењето коалиции основно треба да биде тоа, ама јасна ми е причината. Нашите партии или немаат програми, или програмите им се фиктивни, значи зад нив стои некоја друга, скриена програма. И во светот и во најразвиените демократии се случува еден од партнерите, можеби и неговата програма и неговите идеи да не се компатибилни и немате избор, резултатот е тој што ве води. Ама веќе кога се нудат програми треба и тоа да го очекувате.
XS
SM
MD
LG