Radio Free Europe/Radio Liberty

Демографска криза на Балканот: Младост и знаење наменето за странство

Andy Heil

Март, 2020

Стареење на населението и недостиг на работна сила се проблеми со кои се соочуваат сите земји од Западен Балкан. Иако миграцијата има традиција во овој дел од регионот, експертите и емигрантите сега се поскептични: Оние што заминуваат овој пат не планираат да се вратат дома.

Неодамнешната објава дека популацијата на Србија паднала на помалку од 7 милиони луѓе е застрашувачки потсетник за тоа колку е сериозна оваа криза во регионот.

Западниот Балкан има проблем на недостаток на луѓе.

Неспорно е дека децениите на миграција од регионот во побогатите блиски европски земји и подалеку во странство како во Соединетите Американски Држави, Канада, и Австралија го земаат својот данок.

Моменталното претседателство на Хрватска со Европската Унија вети дека ќе стави акцент на овој проблем, но посиромашните соседи на Загреб, кои не се членки на ЕУ, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово, Северна Македонија, и Црна Гора не се подготвени да се справат со предизвиците на дециниското намалување на популацијата.

Што е уште пострашно е тоа што експертите и емигрантите од регионот се согласни дека е тешко да видиме брзо решение на демографската криза која се продлабочува уште повеќе како резултат на политичката стагнација на земјите од Западен Балкан, запирање на нивните реформски напори, заглавеноста во корупција, неефикасност, и друг вид на одолговлекување на економските перформанси и можности.

„Идејата за напуштање на Балканот секако не е нова“, вели Роберт Остин, експерт за Источно-Централна Европа од Универзитетот на Торонто.

Дополнително со одливот на популацијата за време и по насилниот распад на Југославија во 90-те, тој наведува дека „масовните заминувања“ во 19-от век во потрага по подобри економски можности некаде на друго место и напорите на тие мигранти од Балканот да се вратат по Првата светска војна „за да учествуваат во создавање на нова, просперитетна, идеално демократска земја“ речиси целосно пропаднале.

„Оваа ситуација сега е одраз на тоа, во смисла дека луѓето имаат многу подобри економски можности во Европската Унија, особено, и затоа заминале. Разликата сега е во тоа што не планираат да се вратат.“

Додека податоците за меѓународната миграција можат да бидат неверодостојни, бидејќи луѓето многу ретко го пријавуваат своето заминување, експертите велат дека Западниот Балкан несомнено е погоден со највисок степен на емиграција во светот од падот на комунизмот и распадот на Југославија во 1990 година.

Неверојатни 47 проценти од Босанците и 45 проценти од Црногорнците живеат во странство, по нив следат Албанците со 41 процент, 30 отсто Македонците и Косоварите и, 18 отсто од Србите си заминале, говорат последните податоци на Светска банка.

За споредба, просекот за сите земји членки на Европската Унија, изнесува 11 проценти.

Кумулативниот ефект од тоа е одлив на мозоци имајќи предвид дека младите и образованите граѓани се првите кои своите знаења и вештини ги искористуваат за да се преселат.

Тоа исто така доведе до чувство во јавноста дека заминувањето од земјата е правилна одлука и создаде растечка дијаспора која ги олесува идните заминувања.

Мора да се замине

Зорана Курбалија Новичиќ е веројатно некоја која многу држави од Балканот би сакале да ја задржат или да ја вратат назад.

Откако стана доктор на науки во 2009 година, за генетика на популацијата на Универзитеот во Белград брзо го увиде и јазот кој настанал поради заминувањето на врвните истражувачи кои побегнаа од крвопролевањето на југословенските војни.

Истражувачките центри во Србија се слабо финансирани, лошо опремени, и се борат да преживеат, уште помалку можат да поддржат млади талентирани научници како неа преку грантови или учество на меѓународни конференции.

Има и позитивни исклучоци, вели Курбалија Новичиќ за Радио Слободна Европа/Радио Слобода, „но српската наука едноставно ја изгуби (нејзината) конкурентност (спрема) ЕУ“.

„Јасно ми беше: Србија е мојата родна земја и јас сум горда на тоа, но морам да одам некаде каде што моите идеи ќе го достигнат нивниот целосен потенцијал.“

По безброј апликации за работа во странство, таа добила престижна стипендија во 2015 година која и овозможила да ја продолжи својата кариера како истражувач на Универзитетот Упсала во Шведска.

Population genetecist Zorana Kurbalija Novicic spent years applying for projects abroad before finally moving, with her husband and two children, to Sweden in 2015.

„Не ми беше тешко да си заминам“, вели Курбалија Новичиќ, мајка на три деца. „Напротив, ми беше олеснување по толку години напорна работа конечно добив шанса да направам високо-квалификувано истражување и имам свои пари за тоа“. Курбалија Новичиќ има основано и стартап за наука за деца кој се вика „Научен пазар Упсала“.

Веднаш почнала повеќе да ги цени „слободните денови наместо да чека крај на војна или почеток на битка. Политиката и станала не толку важна во животот и тоа и претставувувало олеснување.

Нејзиниот план бил да помине две години во странство пред да побара нов грант за да може да основа свое здружение за истражувања во Белград.

„Тоа беше мој сон: да се едуцирам во ЕУ, да добијам грантови и да формирам мрежа, и да се вратам во Србија. Но...“

Наместо тоа, Курбалија Новичиќ, се надева дека таа и нејзиното семејство ќе останат во Шведска.

„Push“ и „Pull“ факторите

Експертите имаат тенденција да ја поделат мотивацијата на граѓаните за миграција во две категории: факторт кој го „притиска“ лицето да замине и работите кои го „влечат“ кон заминување во странство.

Најголемиот бран на емиграција од поранешна Југославија во 90-те беше резултат на огромниот „push“ фактор, одосно насилниот распад на земјата. Но децениите кои следеа беа исто така демографски безмилосни за Албанија и за поранешните југословнски републики кои остануваат надвор од ЕУ.

„Економските можности се многу важен двигател“, вели Џамили Риголини, главен економист и лидер на програмата за човечки развој и сиромаштија за Западен Балкан на Светската банка..

„Тие особено се важни за луѓето со вештини или и за оние кои немаат вештини, можностите кои може да ги имаат нивните деца, квалитетот на образование, квалитетот на услугите, недостатокот на мерит системот во некои сектори дома, квалитетот на владата, сите тие придонесуваат за луѓето да заминат“, вели Риголини.

Квалитетот на воздухот исто така стана еден од најважните „push“ фактори, вели Риголини но и други експерти и емигранти од регионот, истакнувајќи ги сериозните предупредувања за загадувањето на Балканот кое стави неколку градови, како Сараево и Скопје, на дното на светските листи.

Бројот на граѓани од Западен Балкан кои живеат во странство е меѓу највисоките во Европа и во централна Азија, според Светската банка.

"Србија и Црна Гора стојат подобро од БиХ, Косово, и Албанија во смисла на миграцијата севкупно“, вели Риголини, „но таму сè уште има предизвици во смисла на искуството и наоѓањето работа. И затоа мислам дека сите делат иста мака со намалување на популацијата бидејќи се наоѓаат многу блиску до Европа што е многу силен ‘pull’ фактор. Па така додека факторите кои ги тераат луѓето да се отселат од своите земји се разликуваат од држава во држава, сите тие имаат многу предизвици кои мора да ги решат“, појаснува тој.

Повисоките плати во земјите како Германија и Франција познати како „диференцијал на плата“ претставуваат највообичаен „pull“ фактор.

Многу од странските директни инвестиции (FDI) во Западниот Балкан се фокусирани на евтина работна сила и во сектори со помала продуктивност.

„Мора да бидеме реални, дури и сите овие фактори да се подобрат, искушението за мигрирање ќе остане многу цврсто и силно.“

Економистите од Светска Банка забележуваат дека квалификуваната емиграција може позитивно да влијае во земјите на потекло на мигрантите на бројни начини. На пример, може да придонесе за богатење на земјата преку парите кои иселениците ги праќаат дома.

Но Матиас Лерх, заменик шеф на Институтот за демографски истражувања Макс Планк (MPIDR) во Росток, Германија, вели дека додека странските дознаки сè уште помагаат за ублажување на економската болка на Балканот „феноменот на миграција сега е уште помасовен и мислам дека навистина претставува проблем за долгорочната перспектива за развој на тој дел, затоа што популацијата старее и се намалува“.

Емиграцијата исто така може да ги поттикне странските директни инвестиции и претприемништвото, да поттикне субвенционирање на подобар тренинг или образование, или да ги врати емигрантите дома што е познато како „кружна миграција“ односно тие да го пренесат своето знаење и бизнис вештини дома.

Експертите велат дека емигрантите кои си заминуваат од дома придонесуваат и за намалување на невработеноста на краток рок.

Советот за регионална соработка со седиште во Сараево во кој членуваат 46 земји, организации и други ентитети, на конференција за вработување и за одлив на мозоци за Западен Балкан која се одржа во јануари, презентираше резултати според кои работната сила се намалила за 400,000 луѓр во изминатите пет години.

A cable car rises above a smog layer that shrouds the Bosnian capital, Sarajevo, in January 2020.

Сепак, дури и при невработеност која е на најниско ниво во историјата на Западен Балкан, повеќе од половина од работо способните луѓе имаат работа, и невработеноста помеѓу младите луѓе е вообичаено повисока.

Една од најпопуларните дестинации за емигранти Balkan emigrants' most popular destinations и една од земјите од Западна Европа на чија економија очајно и треба работна сила, Германија, од овој месец почна да го применува новиот закон за вработување чија цел е поедноставување на емиграцијата за високообразовани и обучени работници кои доаѓаат од земјите кои не се членки на ЕУ.

„Овој нов закон овозможува миграција на луѓе, работна сила во Германија и има потенцијал за привлекување на голем број на луѓе во Германија“, вели Демуш Шаша, извршен директот на Институтот за европска политика од Косово, во изјава за Балканскиот сервис на РСЛ/РС.

По објавата дека популацијата на Србија паднала под седум милиони, министерот за труд формираше кризен тим кој треба да се обиде да најде начин да го запре одливот на работници.

Култура на миграција

„Има еден вид на култура на миграција која има силни корени на Балканот“, вели германскиот експерт Лерх.

„Мислам дека младите, доколку сакаат да постигнат нешто во својот живот и да имаат добар статус, веруваат дека тоа можат да го направат во странство, тоа е нешто како обред“.

Триесет и шест годишниот Милош, емигрант од Србија кој не сакаше неговото име да биде целосно објавено, вели дека било време да замине пред шест години кога „многу полека, многу постепено, секојдневниот живот во Белград почнал да му станува агонија“.

Young people enjoy an outdoor cafe in downtown Belgrade, the capital of Serbia.

„Знаете, секојдневните обврски, луѓето со кои доаѓате во контакт, едноставно ве вознемируваат, тоа е најдобар начин за да објаснам како се чувствував“, вели тој.

Тој наведува причини како политичката култура на земјата, недостигот на просперитет што го спречил да заработи за живеење како и недостигот на услуги.

„И сфаќате дека сте опколен, дека ќе бидат потребни децении да биде подобро во Србија и таа да стане нормална земја како Германија,“ вели Милош.

Тој учел германски јазик неколку години, учел и работел како техничар на звук пред да добие вработување во Минхен во јануари 2018 година.

„Што и да беше тоа што не натера да заминеме од Србија ние го носиме сè уште со себе додека не дојде нешто подобро. Јас некако намерно го одложував тоа, иако сакав да имам дете уште пред пет години. Некако го одложував тоа со цел да избегнам тоа да расте во Србија што сега, кога ќе размислам, е ужасно“.

Неговиот син и мајката на неговото дете се сè уште во Србијаи тој таму ги посетува.

„Кога се роди мојот син лани летото си реков: Добро, Германија сега ќе биде негов дом и јас ќе направам сè за тие да дојдат тука“, вели Милош. „Две години се борев за јас да дојдам во Германија. Сега сум во процес на наоѓање на начин на кој ќе успеам да ги донесам нив двајцата тука, додава тој.

Економистите од Светска Банка потенцираат дека „pull“ факторите не можат да ги контролираат владите на земјите од Западен Балкан, но можат да направат нешто да ги намалат „push“ факторите за луѓето како Милош и неговата семејство.

Тие предлагаат зајакнување на креирањето работни места и раст на приватниот сектор, поттикнување на привлечноста на нивните земји и за професионален и за приватен живот на луѓето и реформа на образованието која ќе кореспондира со локалната и глобалната побарувачка.

Милош е скептичен.

„Зошто би запрело?“, прашува тој. „Што ги тера луѓето и економистите да мислат дека тоа ќе запре? Дали таму состојбата се подобрува?“