Достапни линкови

Недоволни кредитите за фирмите погодени од коронавирусот


Кредитите за микро, малите и средните претпријатија, пред се, во угостителството, туризмот и транспортот во износ од 3000 до 30.000 евра за бизнисмените и стопанските комори се недоволни за тие да може да ги преживеат последиците по работењето како резултат на коронавирусот.

Највениот сет први мерки на Владата за помош на бизнис секторот и пред се, за најпогодените фирми од коронавирусот во угостителството, туризмот и транспортот за бизнисмените и стопанските комори се недоволни.

Заканата е сериозна и последиците се конкретни- намалување на ликвидноста, прометот, како и намалено производство, потрошувачка и нарачки, вели во неделното интервју за Радио Слободна Европа кое ќе се емитува в недела, претседателот на бизнис конфедерацијата, Миле Бошков. Според него потребни се поконкретни и похрабри мерки од Владата, како и ребаланс на Буџетот.

За микро, малите и средни претпријатија, Владата ќе издвои 5,7 милиони евра помош, односно ќе добијат можност за кредити од 3000 до 30.000 евра, без камата, со грејс период од 6 месеци и отплата во рок од 2 години. Но, тоа, според Бошков нема да биде од голема помош за фирмите.

„Доколку се земе в предвид дека до сега просекот на исплатени плати во туризмот и во угостителството, исто така и во транспортот, бидејќи и оваа гранка е опфатена, сметаме дека доколку станува збор за компании од двајца, тројца вработени, дека оваа помош не може да го постигне нивното ни на платите на тие вработени, особено дека станува збор за мерка од сега до јуни, за тие месеци, така што сметаме дека повторно е потребно Министерството за финансии и Владата, заедно со Министерството за труд да размислат и ова ниво на помош, кое патем е кредитирање, дека треба да се зголеми“, вели Бошков.

Данела Арсовска од Сојузот на Стопански комори изјави дека одржувањето на ликвидноста на компаниите во моментов е реален проблем и како тие ќе ги исплатат редовните обврски.

„Сега имаме некоја делумна можност за рефинансирање, меѓутоа тоа е само нешто над 5,7 милиони евра коишто првично ќе бидат ставени на располагање. Тоа не мислам дека ќе биде доволно во моментов и плус процедурите коишто ќе треба за да се постигнат сите овие работи се нешто што ќе трае и ќе има одложено дејство. Во моментот кога ќе пристигнат средствата до нив тие дополнително ќе навлезат во потешкотии во работењето“, истакна Арсовска.

Микро компаниите, до 10 вработени, ќе може да подигнат кредит од 3 до 5 илјади евра, малите компании со 10 до 50 вработени, ќе може да подигнат кредит од 10 до 15 илјади евра и средните компании со 50 до 250 вработени, ќе може да подигнат кредит од 15 до 30 илјади евра. Финансиска поддршка ќе биде обезбедена преку Развојната банка на Република Северна Македонија.

Во меѓувреме министерката за финансии Нина Ангеловска најави дополнителни 6 милиони евра за компаниите за бескаматни кредити, а вкупно 100 милиони евра ќе бидат ставени на располагање на стопанството за да се зголеми ликвидноста и да се спречат отпуштања од работа.

СЗО со 5 совети за заштитните маски
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:52 0:00


  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG