Достапни линкови

Џафери: Предлогот за вонредна состојба ќе оди кај Пендаровски


Архивска фотографија - Претседателот на Собранието, Талат Џафери, и шефот на државата, Стево Пендаровски

Собранискиот спикер, Талат Џафери изјави дека го очекува владиниот предлог за прогласување воредна состојба поради коронавирусот, но дека ќе го проследи до претседателот на државата Стево Пендаровски, за тој да прогласи вонредна состојба, бидејќи, како што вели во изјавата за МИА, шефот на државата ја има таа надлежност.

Џафери вели дека го дели мислењето со одредени експерти дека по самораспуштањето и распишувањето на избори Парламентот не може да се состане повторно.

Врз основа на Членот 125 од Уставот став 4 ако Собранието не може да се состане, одлука за постоење на вонредна состојба донесува претседателот на Републиката и му ја поднесува на Собранието на потврдување штом тоа ќе е во можност да се состане. Членот 126 пак од Уставот вели дека при постоење на воена или вонредна состојба Владата во согласност со Уставот и со закон донесува уредби со законска сила. Овластувањето на Владата да донесува уредби со законска сила трае по завршувањето на воената или вонредната состојба за што одлучува Собранието, пренесува МИА.

Изборите, според претседателот на Собранието, ќе бидат одложени со уредба од страна на Владата, врз озносва на член 126 од Уставот.

XS
SM
MD
LG