Достапни линкови

Ќе се отвори нов граничен премин Лојане – Миратовац


Министрите за внатрешни работи на Србија и на Македонија, Небојша Стефановиќ и Оливер Спасовски се сретнаа во Скопје

Македонскиот и српскиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски и Небојша Стефановиќ, во присуство на вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи денеска во Скопје потпишаа билатерални договори меѓу двете влади за отворање заеднички граничен премин Лојане - Миратовац, за соработка во областа на борбата против трговија со луѓе и против криумчарење мигранти.

Справувањето со организираниот криминал и облиците на тероризам, како и хибридните закани, биле меѓу темите за кои разговарале на денешната средба министрите за внатрешни работи на двете држави.

ГП Лојане – Миратовец, информираа на заедничката прес-конференција по работната средба министрите Спасовски и Стефановиќ, во почеток ќе функционира како премин за локален сообраќај, а по исполнување на условите и како заеднички Граничен премин за меѓународен патен сообраќај.

На прес-конференцијата министерот Спасовски информираше дека во однос на мигрантскиот тек во оваа година има зголемување на обидите за премин на грчко-македонската граница и оти 21 илјади мигранти биле спречени да влезат од Грција во Македонија.

XS
SM
MD
LG