Достапни линкови

Љубов и традиција во Галичник - Галичка свадба 2019


Галичка свадба 2019
Галичка свадба 2019

Со поставување на свадбарското знаме, бричење на зетот, тргнување по невестата и пристигнување на стројниците, строевање и пречек во предпладневните часови започнаа свадбарските обичаи. Завршија со „ДА“ на младенците Марина Петровска и Огнен Караѓозовски во храмот „Св. Апостол Петар и Павле“.

Над 30 обичаи кои се обележје на Галичката свадба ги разоткриваат разноликоста на духот и вековната традицијата на Мијаците и македонското културно богатство воопшто. Свадбарските уникатни ритуали, проследени со богатиот колорит на народните носии и изворните песни и ора карактеристични за овие краеви во Македонија ги проследија неколку илјади домашни и странски посетители.

XS
SM
MD
LG