Достапни линкови

Јовановски: Економски придобивки од членството во НАТО


Зоран Јовановски, Стопанска комора на Македонија

„Влезот во НАТО отвора значајни перспективи на економски план. Во моментов сите сме преокупирани со коронавирус кризата, но таа во еден момент ќе помине и тогаш ќе почнат да се материјализираат придобивките и за македонската економија“, вели во видео-изјавата главниот советник на Управниот одбор на Стопанската комора, Зоран Јовановски, посочувајќи ги пред се инвестициите.

Според него, за земја како нашата, членството во НАТО ќе овозможи да се зацврсти перцепцијата за македонската економија како атрактивна дестинација за нови странски директни инвестиции и за поголеми домашни инвестиции.

„За цената на позајмувањето. Со перцепцијата за намален ризик на земјата, барем во делот на безбедносниот ризик, ако се друго е непроменето, се намалува и цената по која земјата позајмува на меѓународните пазари на капитал. Ова значи можност за обезбедување поевтино финансирање на капиталните инвестиции на државата во иднина. За можностите за извоз, пак, влезот во НАТО значи и можност за македонските компании да продадат свои производи за задоволување на дел од потребите на НАТО. За своите набавки НАТО има посебен интернет сајт. Таму стои дека компаниите што сакаат да бидат добавувачи на НАТО мора да се основани во земји членки на НАТО. Македонските компании сега веќе влегуваат во оваа група и за нив ќе се отворат нови перспективи во иднина“, вели Јовановски.

XS
SM
MD
LG