Достапни линкови

Јавна соба, Медена Земја и отпад - вие (не) коментирате


Илустрација - Дебарско езеро
Илустрација - Дебарско езеро

„Браво“ за новата награда на филмаџиите од Медена земја. Молк за Јавна Соба! Коментари за ЕУ - Овие теми беа во фокусот на вашиот интерес за коментирање на Фејсбук страницата на РСЕ

Има неколку теми што најмногу ги преокупираат посетителите на нашата ФБ страница од минатиот понеделник до овој, но за чудо, по информациите за затворената група „Јавна соба“ на една социјална мрежа на која од отворени или од приватни профили се објавувани фотографии со порнографска содржина и потоа, дека се откриени администраторот и телефонските броеви на членовите на групата – нема ниту еден коментар.

Од друга страна, доделувањето уште една награда за нашиот документарец „Медена земја“ и неговите кинематографери, Самир Љума и Фејми Даут од престижното Американско здружение на кинематографери ги разгалило веројатно не само љубителите на филмската уметност. Има десетици постови со „Браво“, а Весна Малјановска напишала: „Им благодарам што ни го враќаат чувството на гордост!“ Ангелина Филиповска со желба: „Браво за целата екипа! Награда до награда... така до Оскари!“

Отпадот, ѓубрето, она нашето и увезеното ги вознемирува граѓаните кои бурно реагираат и особено го коментираат кажаното од Блаже Јосифовски од граѓанската организација „Ајде Македонија“ во редовното неделно интервју на РСЕ и изјавата на министерот за животна средина, Насер Нуредини дека Македонија не увезувала опасен отпад.

„Регионот го коландисуваат (го љубат, н.з.) идиоти, алчни за пари кои и сопствените деца би ги продале за профит“, и потоа следува сочна пцовка. Благојче Наков иронично: „Како беше?! Не мора да влеземе во Европа, треба Европа да ја донесеме дома... ако не друго, барем ѓубрето од Европа“. За Гоце Македонски Буковалов единствениот отпад се политичарите. „Народот го правите слеп и при очи“ – постирал. Тони Младеновски прашува: „А зошто во земјите од каде што се увезува отпадот не го рециклираат таму туку го праќаат во Македонија. Во тие земји има подобра технологија за преработка на отпад“. Јосевски Јосив лут на партиите: „Единствениот отровен отпад во земјава се ВМРО и СДСМ со нивните слепи фанатични поддржувачи“, а Рамче Мустафа Мустафа постирал цитат: „Неокапитализмот ја експлоатира сиромаштијата и ги уништува сите морални и етички односи“.

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел престојуваше во земјава и се сретна со државно-владиниот врв и со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. По средбите, техничкиот премиер Оливер Спасовски изјави дека очекува датум, а Христијан Мицкоски вети брза интеграција во ЕУ по изборите. Велимир Атанасовски напишал: „Со оваа влада само во некој подлабок океан“, а потпишан со Франко Франко смета дека: „Со Мицкоски може да се оди само во Руската федерација!“

XS
SM
MD
LG