Достапни линкови

Шпанија ја продолжи вонредната состојба заради Ковид-19


Шпанскиот Парламент ја продолжи вонредната состојба за две недели поради пандемијата на коронавирусот. Мерката беше изглаана откако во Парламентот беа физички присутни помалку од 50 пратеници од вкупно 350, а другите гласаа од дома.

Вонредна состојба во Шпанија беше воведена на 14 март, со што беше овозможено да се прогласи национален карантин, додека сега се продолжува до 11 април. Бројот на инфицирани со новиот коронавирус во Шпанија изнесува околу 47.600 лица, а земјата е на второместо, по Италија по бројот на починати – 3.434 луѓе.

XS
SM
MD
LG