Шпанија им се радува на вакцинираните туристи
Илјадници туристи веќе уживаат во сончевата Малага, откако Шпанија ги отвори своите граници за вакцинираните туристи. Барем 20 интернационални летови за само еден ден, направија целосно да се смени амбиентот во една од најпопуларните дестинации за одмор. Туристичкиот сектор во земјата, кој беше силно погоден од пандемијата, се надева на „враќање во живот“ летово.