Достапни линкови

Челниците на ЕУ контра Трамп за европските патувања


Претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел и претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен.

Првите луѓе на Европската унија, Урсула фон дер Лајен и Шарл Мишел изразија несогласување со одлуката на американската администрација да ги забрани летовите кон и од земјите на ЕУ во наредните триесет дена поради коронавирусот.

„Коронавирусот е глобална криза, не е лимитиран на еден континент и бара соработка наместо еднострано делување. ЕУ не се согласува со фактот што САД одлучи да забрани патувања еднострано и без консултации“, кусо соопштија кабинетите на претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел.

Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп ги суспендираше патувањата од Европа во САД на 30 дена во „нов обид да се запре ширењето на пандемија на коронавирус, која предизвика пад на берзата и која брзо се шири“.

XS
SM
MD
LG