Достапни линкови

Цела романска влада во самоизолација поради КОВИД-19


Романскиот премиер Лудовик Орбан изјави денеска дека ќе се стави во самоизолација, а тоа ѝ го предложил и на целата негова Влада, откако биле во контакт со сенатор кај кој подоцна бил утврден коронавирус, пренесе германската новинска агенција ДПА.

Орбан рече дека сенаторот присуствувал на состанок на високи партиски функционери во понеделникот, пред да биде тестиран, и затоа тој и неговиот 17-член кабинет и сите сенатори од Либералната партија ќе се повлечат во карантин и ќе се тестираат.

„Сите членови на владата ќе ја исполнат својата обврска и ќе ги преземат сите мерки за борба против коронавирусот, без оглед дали е потврден вирусот или не“, рече Орбан пред новинарите.

XS
SM
MD
LG