Достапни линкови

Хуманитарна изведба на мјузиклот „Ени Јуниор“

„Првиот лиценциран бродвејски мјузикл за деца и младинци Ени Јуниор, ја раскажува приказната за малото сираче Ени - алегорија за истрајноста, вербата, упорноста и надежта за подобро утре“. Вака беше најавен хуманитарниот мјузикл кој се одржа неделава. Делото, на македонски јазик, го изведоа млади на возраст од 7 до 18 години во Националната Филхармонија.
Средствата од продажбата на билетите беа дел од проектот „Подари карта за другарче“, што подразбира да се купи карта за дечињата и штитениците на здруженијата Проект Среќа и Дајте ни крилја, како и за дечињата од малите групни домови за да присуствуваат на настанот.
Како покровител на проектот беше Претседателот на Република Северна Македонија.

Категории

XS
SM
MD
LG