Достапни линкови

Хрватска од денеска со заострени анти-корона мерки


Илустрација - Луѓе со заштитни маски во јавен превоз во Загреб

Во Хрватска денеска се воведени построги епидемиолошки мерки кои ги најави Кризниот штаб поради наглото зголемување на заразени во последните денови. Според новите правила, задолжително е носење маски во продавници, јавниот превоз, медицинските установи. Маски ќе мора да носат и вработените во кафулињата и рестораните.

Во однос на организирањето настани со повеќе од 100 учесници, се воведуваат повеќе правила што се однесуваат на посетителите, носење маски, во врска со храна и пијалаци, хигиенски услови и слично. Забрането е и ракување, прегрнување и бакнување.

XS
SM
MD
LG