Достапни линкови

Хрватската влада со пакет економски мерки од 3,9 милијарди евра


Илустрација - Болницата во Дубрава, Хрватска, 15 март 2020

Хрватската Влада предложи, а Парламентот прифати пакет мерки во вредност од 30 милијарди куни (3,9 милијарди евра) за да ѝ помогне на економијата погодена од епидемијата на коронавирус. Пакетот содржи 63 мерки насочени кон зачувување на работни места и плати, пренесе МИА, повикувајќи се на информациите објавени од агенцијата Хина.

Меѓу другото, овие мерки ќе им овозможат на претприемачите и граѓаните погодени од коронавирусот да го одложат плаќањето на јавните давачки, како што се даноците на приход и добивка и придонесите. Плаќањата ќе бидат одложени на три месеци, со можност за продолжување на уште три. Потоа, ќе биде овозможена отплата на тие долгови, на рати на 24 месеци без камата.

XS
SM
MD
LG