Достапни линкови

Хелсиншки комитет: Криминалот од омраза во пораст


Хелсиншкиот комитет денеска на Европскиот ден на жртвите на криминалот од омраза, го објави Годишниот извештај за криминалот од омраза за изминатата година, во кој констатира дека тенденцијата на пораст на бројката на вакви дела, нотирана во 2018 година, продолжи и во 2019 година.

„Во периодот од 1 јануари до 31 декември 2019 година, МХК регистрираше вкупно 159 инциденти и дела од омраза. Инцидентите беа регистрирани веднаш откако беа пријавени од страна на медиумите или МВР. Притоа, од вкупниот број регистрирани инциденти, потврдени се 33 инциденти (20 отсто), додека 126 инциденти (80 отсто) остануваат непотврдени. Како непотврдени дела од омраза, во најголем дел остануваат оние инциденти кај кои во согласност со другите индикатори постои разумно верување дека се сторени поради етничката припадност на жртвата односно сторителот. И покрај нашите барања упатени до МВР за потврда дали етничката припадност како индикатор е присутна кај овие инциденти и дела, таква потврда од таму не добивме“, се наведува во извештајот.

Во 2019 година, дела од омраза се сторени поради етничка припадност (84,9 отсто), политичка припадност (9,4 отсто), статус на мигрант/бегалец (1.2 отсто), религија и верско уверување (1.2 отсто), националност (1.2 отсто), сексуална ориентација/родов идентитет (1.2 отсто), и раса (0.9 отсто).

XS
SM
MD
LG