Достапни линкови

ХКМ: Говорот на омраза на социјалните мрежи расте


Месец јули го одбележа повторното зголемување на говорот на омраза на социјалните медиуми во контекст на одржување на предвремените парламентарни избори и големиот број случаи со КОВИД-19 во текот на целиот месец. Исто така, во текот на месецот се забележа енормно зголемување на новозаболени граѓани со КОВИД-19 што предизвика негативен дискурс кој воедно доби и етнички карактер како резултат на бројот на заболени по општини.

Ова се наведува во Извештајот на Хелсиншкиот комитет за месец јули по спроведениот мониторинг на мерките на Владата, особено во контекст на почитување на темелните права во рамки на Поглавјето 23 – Правосудство и темелни права, во кој особено се дава осврт на спроведувањето на мерките и на нивното директно влијание врз граѓаните.

„Слично како и за изминатите месеци и согласно со утврдениот тренд, вниманието треба да се насочи кон справување со социо-економската криза како резултат на пандемијата – заштита на маргинализираните заедници, соодветна имплементација на мерките, соодветен надзор и примена“, се наведува во Извештајот.

XS
SM
MD
LG