Достапни линкови

Хан: Ердоган со мигрантите го свртува вниманието


Еврокомесарот за буџет, Јоханес Хан

Еврокомесарот Јоханес Хан смета дека отворањето на границите кон ЕУ е маневар на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за свртување на внимението од внатрешно-политичките проблеми. Хан вели дека „тоа треба да се гледа од аголот на внатрешно-политичката ситуција во Турција“, објави МИА, повикувајќи се на интервјуто на еврокомесарот за виенскиот дневен весник „Стандард“.

Хан објаснува дека претседателот Ердоган е соочен со долготрајниот конфликт со Курдите, што не го решил и дека станува збор и за последиците од неуспешниот државен удар од 2016 година, за тешката економска ситуација, за тоа што ги изгуби Анкара и Истанбул на локалните избори, како и за геополитичкото опкружување, при што Турција не може многу да придонесе за подобрување на ситуацијата.

„На сето тоа следеше и вообичаениот рефлекс – се бара противник надвор од земјата“, вели Хан во интевјуто и додава дека 3,2 милијарди евра, од вкупно договорените шест милијарди со ЕУ за прием на бегалците, веќе ѝ се исплатени на Турција.

XS
SM
MD
LG