Достапни линкови

Филипче: Рано е за заклучоци, но линеарниот раст на заболени охрабрува


Иако е сѐ уште рано било што да заклучуваме, линеарниот раст на заболени во последните 15 дена охрабрува, оти бројот на заболени е приближно еднаков секој ден, објави министерот за здравство Венко Филипче на својот официјален фејсбук профил.

„Ова беше нашата цел од самиот почеток, со ваков тренд нашиот здравствен систем ќе може да ги опслужи граѓаните и добро да се справи со коронавирусот“, смета Филипче.

Според министерот, пикот на епидемијата допрва доаѓа и сега, како што наведува, потребно е сите да останеме дисциплинирани и да ги следиме без исклучок мерките и препораките.

XS
SM
MD
LG