„Фејсбук“ со нови политики против дезинформации за КОВИД-19
Компанијата „Фејсбук“ соопшти дека презема нови чекори за да спречи ширењето на дезинформации за вакцините против КОВИД-19 на нивните две социјални мрежи, Фејсбук и Инстаграм. На почеток од пандемијата, компанијата беше критикувана од властите во светот дека не презема нешто против дезинформациите за вирусот.