Достапни линкови

Фејсбук почна да крие лајкови


Крајната цел, како што велат од компанијата, е да направи луѓето да се чувствуваат попријатно при изразувањето на нивните ставови и мислења.

По најавите на Инстаграм, Фејсбук од денеска почна да го крие бројот на лајкови на објавите - процесот започнува од Австралија, а потоа ќе пристигне насекаде, пренесоа светските новински агенции.

Сопственикот на профилот, односно тој што на пример објавил фоторафија или статус ќе може да го види бројот на лајкови, но тоа нема да можат да го видат неговите пријатели. Целта на ограничувањето на видливоста на бројот на лајкови е Фејсбук да се претвори во социјална мрежа на која нема да биде важен бројот на лајкови и да се охрабрат сите да објавуваат повеќе содржини.

Фејсбук веќе започна со тестирањето на оваа опција на Андроид уредите, тестирањата беа спроведени во Канада, а до јули беше проширено на шест земји.

„Спроведуваме лимитирани тестови во кои правиме лајковите, реакциите и прегледите да станат приватни на Фејсбук. Сакаме да видиме какви се повратните реакции на корисниците за да сфатиме дали оваа промена ќе го подобри нивното искуство на користење на социјалната мрежа“, изјави портпаролот на Фејсбук.

Доколку тестирањата во Австралија се покажат како добра одлука, новата опција би можела да се прошири за сите корисници ширум светот. Крајната цел, како што велат од компанијата, е да направи луѓето да се чувствуваат попријатно при изразувањето на нивните ставови и мислења. Од најголемата социјална мрежа на светот велат дека сакаат луѓето да се фокусираат врз квалитетот на тоа што се објавува.

XS
SM
MD
LG